Име на болест: Шушкавост на тутун - Tobacco rattle tobravirus
Култура: ТУТУН
Опис: На листовите, лисните дршки и стеблото од тутунот, вирусот причинува силна некроза. Болните листови се деформираат, свиткуваат, накадруваат, стануваат крти и на допир шушкаат. На листовите се јавуваат бели или кафени некрозни дамки, кои понекојпат се прстенести со некрозни рабови околу нерватурата. Ткивото од некрозните дамки испаѓа, поради што листовите изгледаат како да се издупчени и искинати. Таквите листови обично не се за берба. Первентивните мерки кои се користат против вирусот на мозаикот на тутунот се однесуваат и за овој вирус. Посебно е важно уништувањето на плевелите растенија како нгови домаќини.



повеќе слики >>

Препарати