Опис: Првите симптоми кај тутунот се појавуваат на младите листови во вид на осветлување на нерватурата по кое следува развој на мозаик од хлорозни и темнозелени делови со различен облик и големина на листовите. Во повеќето случаи на лисјата се јавуваат меурести темнозелени подуеници, а останатите делови од лиските се светлозелени или хлорозни. Целосно оформените листови се прошаруваат мозаично а на старите листови не се забележуваат симптоми. Со оглед на тоа дека вирусот на мозаикот на тутунот нема природни вектори, а е и многу контагинозен и се пренесува со семето, сите мерки за негово спречување се превентивни. При производство на расад се користи чисто семе, да нема растителни остатоци, за леи се користи здрава и дезинфецирана почва. При производство на расад да не се пуши. Да се отстрануваат евентуално болните растенија. Повремено миење на рацете со сапун или некој детергент. При берба прво се берат здравите а потоа болните растенија. |