Име на болест: Проомени кај растенијата предизвикани од биотски непаразитски фактори - Rhodococcus fascians
Култура: ТУТУН
Опис: Кај тутунот постои т. н. лажна чума, што е констатирана во САД, Централна Америка, Италија, Бугарија и други земји. Го намалува приносот до 25%. Промените се јавуваат при основата на стеблото и на кореновиот систем во вид на бели сочни тумори или неправилни хипертрофирани изданоци. На главниот корен се образуваат сочни тумори со нееднаква големина од 13 до 15цм дијаметар и со нееднаков облик. Од нив се развиваат многубројни пупковидни израстови. При основата на стеблото се образуваат помали тумори од кои се развиваат изданоците со рудиментирани псевдолистови со истакната лисна нерватура. На кореновите жилички се развиваат тумори со големиина од 1 до 2 цм.



повеќе слики >>

Препарати