Опис: Видот има 3 - 5 генерации годишно. На почетокот на вегетацијата напролет, при бабрење на пупките, пајаците навлегуваат во нив и смукаат сокови. Нападнатите пупки се сушат или даваат куси ластари, со скаратени интернодии. Подоцна, пајакот се храни на опачината од листот, преферирајќи млади листови. Во текот на летото нападнатите зони на листот потемнуваат и добиваат виолетов сјај. Штетите се поизразени при студена пролет, затоа што лизата подолго време се задржува во осетлива фаза. |