Опис: Кај тутунот причинува хлорозни линии и прстени кои подоцна можат да некрозираат. Листовите се малку деформирани. Ретко се јавува некроза на врвот. За заштита се препорачува одгледување на отпорни сорти. Столбур кај растенијата од фамилијата Solanaceae. Kaj тутунот симптоми се забележуваат на цветовите. Чашкините ливчиња се ситно развиени, а венечните намалени. Болните цветови не формираат семе. Листовите се со посветла боја. Спречувањето е тешко. Се препорачува уништување на цикадиите со соодветни инсектициди, уништување на плевелите. Во услови каде што се појавува заболувањето со посилен интензитет се препорачува одгледување на порани сорти.
|