Опис: Во леите се јавува како полегнување или топење на расадот, пред и по никнување. На основата на стеблото се јавува мала кафеава дамка, која се развива кон коренот и надземниот дел од стеблото во висина од 10 - 20цм. Основата од стеблото станува кафеава до црна, поради што е позната како Black shank - црна нога. Внатрешноста на стеблото е кафеава и шуплива. Кореновиот систем кај болните растенија поцрнува. Во почвата се одржува 5 години, поради што монокултурно е една од основните причини за нејзина масовна појава. За заштита се препорачува одгледување во плодоред, дезинфекција на почвата и хемиски третман.
|