Име на болест: Модра (сина) китка или ,,чума” - Orobanche ramose
Култура: ТУТУН
Опис: Модрата китка е многу раширена во реони каде што тутун се одгледува повеќе години на исти површини и во услов на наводнување. Во такви услови причинува огромни штети и може да го оневозможи одгледувањето на тутунот на таквите површини. Уништувањето на модрата китка е отежнато. При посилна појава на одредени површини треба да се заведе плодорен и да се сејат неколку години растенија кои не се домаќини на истата, како на пример житата. Се препорачува и сеење на многу осетливи растенија за да се провоцира развојот на паразитот, а потоа посвот се окосува пред да навлезе модраата китка во фазата на полното цветање. Исто така е важно користење на чиста вода за наводнување.



повеќе слики >>

Препарати