Опис: Кај тутунот пепелницата се јавува, по правило, на листовите кои веќе не растат, што значи по 6 недели од расадувањето на тутунот. Најпрво на опачината од лисјата се забележуваат слаби белузлави колонии, кои брзо се зголемуваат и го опфаќаат целиот лист. Тие бели колонии брзо се прекриваат од брашнеста маса, што претставува епифитната мицелија и конидиите од габата. Површинската мицелија е добро развиена, прозирна и формира хаустории во епидермалните клетки. Конидофориите се исправени и на нив се наоѓаат во низи по 5 - 12 конидии. За спречување на пепелницата кај тутунот главно се употребуваат хемиски средства врз база на триадедимефонот, фенаримол, нуаримол, бупиримат, пиразавост, тридеморф спироксамин, тебуколазол, флусилоза и др. |