Опис: Симптомите доста варираат во зависност од сојот на вирусот, осетливоста на сортата и временските услови. Најчести симптоми се слаб мозаик односно шаренило од бледозелени дамки, линии, прстени, проследени од темнозелени подуеници како меури до најразлични некрози на лисјата. За спречување на овој вирус е неопходно да се спроведат комплетни мерки, како уништување на плевелната флора во и околу заштитените простории како и по меѓите. Редовно спречување на инсектите вектори посебно непосредно по расадувањето на градинарските растнија во полски услови и во текот на вегетацијата со соодветни инсектициди.
|