Опис: Симптомите кај доматот се разликуваат од тие што ги причинува A. solani. Ги напаѓа сите надземни делови. На листовите, стеблото, лисните дршки, чашкините ливчиња па и по зелените плодови се развиваат многубројни ситни црни полигонални дамки со светлозелен до жолтеникав ореол. Габата образуваа голем број конидофори со конидии. За разлика од A. solani, конидите кај A. alternata се образувааат во низа. Покрај тоа конидите се поситни и нивната големина се движи од 20 до 63 х 9 - 18 um. A. alternataa е паразит на слабост, напаѓа физиолошки заслабнати растенија. Спречувањето се изведува со соодветни фунгициди, но тоа е потешко од кај A. solani, бидејќи габата е потолерантна кон фунгицидите. Подобар резултат даваат бакрните препарати. Се користат препаарати врз база на: толилфлуанид, дифенконалоза, пенконазолост битертанол, пропинеб, манкозеб, бакархидроксид и др.
|