Опис: Болните растенија кај луцерката покажуваат послаб развој, имаат помал број изданоци со скратени интернодии. Листовите се поситни, деформирани, асиметрични, со шаренило од светлозелени до жолтеникави линии, прстени или светлозелени до жолти одделени помали или поголеми делови од листовите. За засновање на нови луцеришта, да се користи здраво семе. Добро би било да се уништуваат лисните вошки во младите и семенските луцеришта, со соодветни инсектициди, за да се намалат заразите во првите две години. Силно заразените стари луцеришта да се преорат и на тие површини да се одгледуваат растенија кои не се осетливи, како: пченица, пченка, сончоглед и други.
|