Опис: Гасениците ги брстат листовите и може да извршат целосно обезлистување. Има 1 генерација годишно. Презимуваат во стадиум на јајце во кое ембрионалниот развој е завршен. Економски праг 2 - 5 јајни легла/ стебло. Мерките за контрола можат да бидат : Агротехнички тука спаѓаат редовна резидба и спалување на гранчињата со легла со јајца; Хемиски: за зимска заштита се препорачува третирање со: минерални масла или минерални масла + органофосфорни инсектициди. Во текот на вегетацијата се препорачуваат препарати на база на: Bacillus thuringiensis var. kurstaki, IGR препарати, оксадиазини, антранилични диамиди, додржувчи на јувенилиот хормон, пиретроид, неоникотиноид, фенилпиразоли, карбамати и органофосфорни инсектициди. |