Име на болест: Седласта галица - Haplodiplosis equestris Winn
Култура: ПЧЕНИЦА
Опис: Има една генерација годишно. Презимува како возрасна ларва во почвата. Летот на имагата е во мај. Женката полага јајца од горната страна на листовите од житата. Испилената ларва се вбушува во лисниот ракавец, се храни на последното коленце, заради што се јавува седласто вдлабнување по кое видот го добил името. Како резултат на исхраната на ларвата интернодиите на стеблто остануваат куси а стеблото лесно се крши. Оштетените класови остануваат во лисниот ракавец и даваат атрофирани зрна. Имаат граничен ефект на појава. Контрола се врши со агротехнички мерки а ако е потребно и хемиско третирање.



повеќе слики >>

Препарати