Име на болест: Жолта пченична галица - Contarina tritici
Култура: ПЧЕНИЦА
Опис: Има 1 генерација годишно. Презимува возрасна ларва во почва. Летот на имагата ее на крај на мај. Женката полага јајца во групи од внатрешната страна на плевиците. Преферира помлади растенија. Испилената ларва се храни со соковите од цветните органи. Како резултат на нејзината исхрана цветот се деформира, зацврснува и се претвора во гала. Развојот на ларвата трае 2 - 3 недели. Возрасна ларва го напушта класот и оди во почва, прави кокона и во површинскиот слој презимува. Се кукли наредната пролет. Најзначајни мерки за контрола се агротехничките пред се обработка на почвата и плодоредот. Хемиски мерки не се преземаат кај нас но во Европа се врши хемиско третирање во време на нејзиниот лет.



повеќе слики >>

Препарати