Опис: Има повеќе генерации годишно. Женката полага јајца на зрната во складишта. На отворено јајцата ги полага во време на млечна зрелост на плевиците или на класот. Веднаш по пилењето ларвата се вбушува во зрното и се храни со ендоспермот. Во зрна од пченица или јачмен има само по 1 ларва. Нападнатите зрна не ги завиткува во свиленикав конец и не прави мали грутки. Контрола се врши со фумигација.
|