Име на болест: Слепо куче - Splax monticola
Култура: КОМПИР
Опис: Слепото куче е посебен вид глодач. Се храни исклучиво  со растителна храна. Ходниците ги копа рано наутро или навечер. Се храни со корен од сите видови особено од садници даб, јавор, луцерка, треви, репка, морков, целер, магданос и компир. Во своите ходници ги вовлекува целите растенија за да може да ги изеде без вознемирување.
Мерките за контрола на слепото куче се механички и хемиски. Од механичките мерки за контрола се препорачува исфрлање од почвата, откопување на неговите ходници, се вкопуваат празни шишиња и др. Од хемиските мерки се преферира поставување на отровни мамки со компир, тенки корења од морков, магдонос. Мамките се сечат и се полнат со родентицид и се поставуваат во ходниците. Се применуваат и гасни отрови како сулфур - јаглерод а се палат и патрони.



повеќе слики >>

Препарати