Опис: Има 1 генерација годишно. Презимува во стадиум ларва во втор или трет ларбен стадиум. Имагото се јавува на крај од мај за време на млечна зрелост. По краткиот период на исхрана во период на жетва имагото се вкопува плитко во почвата под растителните остатови и се крие. Имагото оди во естивација во текот на летото. На крај на август со појава на првите дождови имагото повторно се активира и јајцата ги полага во почва. Ако има доволно влага во почвата јајцата се пилат од крај на августт па се до ноември. Испилената ларва се движи кон растението од житата или класестите треви. Копа вертикален канал до растението, до длабочина од 20цм и во него го пминува целиот живот. Во секој канал живее по една единка. На почвата околу растението каналите даваат изглед на почвата како да е продупена со сачма. Тоа е еден од првите знаци за присуство на ларвите од Z. tenebriodes. Ларвите имаат екномско значење. Тие може да уништат поголем дел од посевот. Најголемите штети ги причинуваат при никнење или братење во октомври ноември или подоцна. За мониторинг наесен се копаат почвени проби. Почвата се вади, се става на бел чаршав и се прегледува. Економски праг е повеќе од 2 имага/м2. Мерки за контрола се: агротехнички и хемиски мерки.
|