Име на болест: Воден стаорец - Arvicola terrestris
Култура: МОРКОВ
Опис:Штетник во овоштарството, лозарство, во производство на расад. Бараат лесни почви, со доста влага. Преферира влажни терени, покрај реки, канали, рибарници, бари, мочуришта. Женката се коти 3 до 5 пати годишно. Се храни главно со растителна храна како на пример жили, коренчиња, кртоли. Преку лето излегува на отворено и ги напаѓа сите надземни растителни делови, а во зима ги напаѓа подземните растителни органи. Во градинарството ги напаѓа морковот, магданосот, репката, цвеклото, целерот, зелката, салатата. Ги јаде коренчињата и главниот нерв што води до нивно целосно уништување. Штетите се посебно значајни во услови на масовна појава. За превенирање на нивната масовна појава се врши мониторинг. Во доцна есен се прегледуваат терените и се утврдуваат нивните места на презимување. За утврдување на бројноста се ставаат клопки, напролет се врши повторен преглед и се поставуваат клопки и повторно се утврдува нивната бројност. Сите мерки за уништување се вршат во есен и зима кога нема доволно храна за нив.



Препарати