Име на болест: Луцеркина оса на мешунките - Bruchophagus roddi Guss.
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Штетник е на семенската луцерка и лупина и е доста инвазивен вид. Оваа оса, јајцата ги снесува во мешунките дупчејќи ги со легалката. Ларвите се зариваат во семето на луцерката при што целосно го изедуваат. Се кукли во семето. Многу значаен штетник е на семенската луцерка кај нас. За контрола се препорачува косење на посевот доколку се констатира 30% заразеност на мешунките и уништување со контактни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати