Опис: Најзначаен штетник е на луцерката семе. Има три генерации годишно. Испилената ларва се храни со деловите од цветот, особено во основата на толчникот. Цветот се задебелува и се претвара во гала. Нападнатите цветови се препознаваат по тоа што се подебели од преостанатите. Цветот се суши и паѓа. Луцеркината галица има значење само ако луцерката се одгледува за семе, ако е за зелено нема значење. Во случај на надминување на бројноста на луцеркината галица при семепроизводството, за хемиска заштита се предвидува третирање на почвата со органофосфорни инсектициди, а на луцерката третирање со пиретроиди.
|