Опис: Штетник е на луцерка, сончоглед, шеќерна репка и овошни видови. Има повеќе генерации годишно. Презимува како возрасна гасеница во почвата. Испилената ларва се храни со листот а подоцна прави целосна дефолијација. Нападнатите делови овие инсекти ги обвиткуваат со пајажинести конци. Кога ќе изедат една култура се селат на друга. Појавата на пеперутките е во вид на снежни виулици (метлици). За време на масовна појава мора да се третира со препарати на база на спинозини, оксадиазини, диамиди и истите се третираат по потреба. |