Опис: Многугодишен доцнопролетен плевел - паразит. Морфолошки и биолошки е многу сличен на детелинската свиларка. Семето никнува при температура од 20 - 30о на длабочина од 6цм. Во почвата семето ја задржува ртливоста 5 - 6 години. Цвета и плодоноси од јули до октомври. Заплевелува голем број култури: луцерка, голем број градинарски култури, афион, шеќерна и сточна репа, бостан и голем број други широколисни растенија.
|