Опис: Монокарпен едногодишен ранопролетен плевел. Листовите се пересто нарежани. Цветовите бели, собрани во соцветие штит. Се размножува со семе. Се шири зоохорно и антропохорно. Дел од семето никнува наесен и презимува. Масовно никнува напролет, а во поволни услови и во февруари. Ги заплевелува културите со густ склоп, пред се, стрнишните жите.
|