Опис: Многугодишен доцнопролетен плевел. Се рамножува со семе и вегетативно. Вегетативно се размножува со кртоли. Масовно никнува откако ќе презими и откако почвата ќе се згрее над 25о. Семињата кои не го поминале периодот на ниски температури имаат неизедначена ртливост. Младите растенија се вкоренуваат брзо. При лесни почви кореновиот систем се развива плитко до 10цм а на посуви почви до 60 - 80цм. Цвета и плодоноси од јули до септември. Едно растение формира до 10000 семки и до 100 кртоли. Ги заплевелува окопните култури. Најефикасни мерки за отстранување се примена на правилен плодоред, се почесто менување на окопни со култури со густ склоп, потоа правилна и длабока обработка на почвата. Со заорување на клубенчињата подлабоко во почвата поголем дел од нив загинуваат. Во зависност од културата во која се развива се употребуваат и соодветни хербициди.
|