Опис: Многугодишен доцнопролетен плевел. Во почвата семето никнува на тепература од 16 до 18о на длабочина од околу 2цм. За време од 15 дена формира лисна розета од 5 до 9 листа. Цвета и плодоноси од јуни до октомври. Семето 5 месеци по созревањето има 98% ртливост. Семето никнува здружено за околу 3 - 4 дена. Некои автори дрвениката ја вбројуваат во двегодишен плевел. Ги заплевелуваа старите посеви од луцерка, детелина, еспарзета и тревни смески, ливади, лозови и овошни насади и други станишта. Се уништува со примена на редовни ахротехнички мерки пред се обработка и плодоред. Во зависност од културата во која се наоѓа се употребуваат и соодветни хербициди.
|