Име на болест: Бабин заб, обичен - Tribulus terrestris
Култура: ПЛЕВЕЛИ
Опис:Монокарпен едногодишен доцнопролетен плевел. Се размножува со семе а се шири зоохорно и антропохорно. Семето никнува на длабочина од 3 - 5 - 8 цм во текот на јуни - јули скоро во текот на целото лето. Ги заплевелува окопните култури , особено оние со прореден склоп, угарите, стрништата, покрај патиштата, дворовите и други станишта. Покрај други штети тој е многу опасен за ситниот добиток и за кучињата бидејќи тврди  боцки навлегуваат во копитата односно во шепите на животните. Опасен е и за човекот бидејќи пречи при бербата. Често ги пробива и чевлите. Претставува добро медоносно растение. Со хербициди многу тешко се уништува бидејќи се јавува многу доцна кога е поминато дејството на почвените хербициди, а по никнењето е скоро невозможно да се употреби некој селективен хербицид. Најефикасно се уништува со редовните агротехнички мерки и во угарите и стрништата да не му се дозволи да се осемени.



Препарати