Име на болест: Космест корен кај овошните видови - Rhizobium rhizogens
Култура: МАЛИНА
Опис: Симптомите се манифестираат, главно, на коренот. Во почетокот симптомитее не се разликуваат од тие кај ракот на кореновиот врат. Имено, по коренот се забележуваат ситни тркалезни гали, односно тумори. Потоа од овие тумори се развиваат многубројни тенки издолжени корени, што потсетуваат на влакна од коса, па коренот добива изглед на коса, поради што и болеста е наречена космест корен. R. rhizogenes е стапчеста. Грам - негативна, аеробна и аспорогена бактерија. Има 4 цилии кои се расоредени поларно. На компирдекстрозен агар образува бели, прозирни, тркалезни, мазни и испапчени колонии со рамни рабови. Се развива при температура од 10 до 35С (оптимум 22С)Се изведува како и кај бактерискиот рак на коренот и кореновиот врат. При садењето, садниците да се дезинфицираат со потопување на коренот во каша од почва и 1 % суспензија од некој препарат врз база на бакарен оксихлорид или некој друг бакарен препарат.



повеќе слики >>

Препарати