Опис: Бактерискиот рак се јавува бо вид на тумор на коренот и при основата на стеблото во висина на нивото на почвата. Бидејќи туморите се формираат најчесто на преминот од коренот кон стеблото, болеста е наречена и рак на кореновиот врат. Многу ретко, туморите се појавуваат на стеблото и на ветките. R. radiobacter е многу штетен за земјоделското производство. Бактеријата е Грамнегативна, со заобленостапчеста форма со големина 0, 6 - 1, 0h 1, 5 - 3, 0um со 1 до 6 цилии распоредени по целото тело. Бактеријата се развива со топла почва околу 20 С и со просечна влажност на почвата околу 60% од максималниот воден капацитет. Се развива при температура од 0 до 37С. Туморот се образува при температура <15С. Основна мерка е производство на здрав саден материјал. Производството на саден материјал да се организира на здрави незаразени почви. Најдобар претходник за овошни насади е луцерката. На заразените површини да не се произведува саден материјал, ниту да се подигнуваат овошни насади најмалку три години, а како прдкултури добри се граминеите и луцерката. |