Име на болест: Жолта мрежавост на малината - Raspberry yellow net bandavirus
Култура: МАЛИНА
Опис: Оваа вироза е доста слична со хлорозата на нерватурата која процинува симптоми долж нерватурата на лисјата, а ја пренесуваат истите лисни вошки. По лисјата од заразените растенија се појавуваат карактеристични симптоми во вид на хлорозни линии и цртички долж спореднитее нерви, кои подоцна добиваат јасно жолта боја. Подоцна хлорозните линии се спојуваат и чинат хлорозна мрежавост на лисјата. Лиските се нерамномерно развиени, посилно или послабо набрани и со неправилна форм. Кај подоцна развиените изданоци, симптомите се поблаги и потешко забележливи. Болните растенија заостануваат во растот. Вирусот не се пренесува механички ниту со семето од болните растенија, ниту пак со почвата. Природен вектор е лисната вошка Doralis idra.



повеќе слики >>

Препарати