Име на болест: Голем луцеркин сурлаш - Otiorhynchus ligustici L
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Најголеми штети причинува на млади растенија. Се храни ноќе а дење се крие во почвата. Се храни со листот и со врвните делови на стеблото, заради што тие се свиткани кон почвата. Испилената ларва се вбушува во коренот и останува овде се до јуни наредната година.  Таа се храни со млади коренчиња а подоцна се вбушува во главниот корен каде што прави канали со различни димензии. Оштетениот корен не ја извршува нормално својата функција поради што растението пожолтува. Хемиската заштита се врши со системични инсектициди при сеидба или во вегетација и тоа со карбамати, пиретроиди.



повеќе слики >>

Препарати