Име на болест: пескар, пешчар. - Obatrum sabulosum .L
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Штетник е на сончоглед, пченка, шеќерна репка , домат , луцерка. Има една генерација годишно.    Штетите ги причинуваат  и ларвата и имагата.    Имагото се активира напролет  и ги гризе младите листови од растенијата домаќини но и ги прегризува младите изникнати стебленца . Тоа се најголемите штети од пескарот. Ларвите се вбушуваат во кореновиот систем каде што се хранат.   Пескарот може успешно да се контролира со агротехничката мерка плодоред. Ако е масовна појава на пескарот, се препорачува  третирање на почвата пред сеидба на културата или по никнење со препарати на база на пиретроиди, карбамати, органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати