Име на болест: Луцеркина златица - Phytodecta fornicata
Култура: ЛУЦЕРКА
Опис: Има една генерација годишно. Презимува во почвата а испилените ларви почнуваат со исхрана на листот веднаш по пилењето. Штетите ги причинуваат и ларвите и имагата од овој инсект. Имагото ги гризе рабовите на листот, додека пак ларвите целиот свој живот го поминуваат на него. Економски праг е 30 имага/10 откоси со кечер. Кога се надминува економскиот праг се препорачува ран откос на луцерката, независно дали станува збор за првиот или преостанатите откоси. По косидбата може да се врши третирање со инсектициди. За таа намена се препорачуваат инсектициди со куса перзистентност и поволни токсиколошки својства (спинозини, пиретроиди, карбамати, органофосфорни инсектициди).  



повеќе слики >>

Препарати