Опис: Имагата се јавуваат во периодот мај - јуни. Во овој период женките полагаат јајца а испилените ларви се хранат со органска материја во распаѓање, а потоа и со растителна храна односно со растението. Во текот на вегетацијата на растението телените црви се движат кон зоната на кореновиот систем на растението. Нив ги има повеќе на необработени површини. Пожелно е доколку се констатира нивно присуство, почесто да се обработува почвата со цел да дојде до директно механичко уништување на имагата, разрушување на куклените колевки и јајцевите легла. Најголеми штети се регистрирани во посеви одгледувани веднаш по разорувањето на ливадите или повеќегодишни култури како луцерка и детелина. Штетите ги причинуваат и ларвите и имагата. Имагата се хранат со лисна маса и штетите се помали во однос на исхраната на ларвите кои се хранат со кореновата маса и се зариваат во кореновиот врат или стеблото. Економскиот праг за индустриски култури 3 - 5 ларви/м2. Од агротехничките мерки се препорачува правилен плодоред, обработка на почвата, уништување на плевелите. Хемиските мерки се применуваат доколку е надминат економскиот праг на штетност и тоа се применувааг гранулирани или течни формулации. Препарати на база на карбамати и органофосфорни инсектициди. |