Опис: Една од ретките видови цикади, економски штетни во производството. Се јавува како штетник на јаболко, особено при здружено одгледување на јаболка и луцерка. Женката јајцата ги полага во група и прави зарези на кората на младите гранчиња на јаболкото. Кај луцерката, штетите ги прави имагата со полагање на јајца. За спречување на штетите не се препорачува одгледување на луцерка заедно со јаболка. |