Опис: Едногодишен есенско - пролетен ефемер кој презимува. Стеблото е исправено, единечно или грането од основата, обично влакнесто, светлозелено, високо 20 - 50 цм. Цветовите се жолти, собрани во соцветие главица. Ги заплевелува старите посеви од луцерка, еспарзета, детелина, тревни смески, стрнишни жита, лозови и овошни насади. Дел од семето никнува наесен, а дел напролет. Цвета од март - април до октомври.
|