Име на болест: Гниење на коренот кај дрвенестите растенија - Armillaria mellea (Vahl) P.Kumm
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Габата напаѓа голем број шумски и овошни дрвенести видови. Болните овошки слабо растат и имаат ситни листови, кои жолтеат и опаѓаат. Симптомите прво се појавуваат кај поединечните ветки, потоа на цели овошки: прво кај поединечни, а потоа ги зафаќа и околните овошки. Најпрво изумира коренот. Габата презимува во изумрените стебла, под кората или во почвата во вид на ризоморфи.
Спречувањето е тешко. При засадувањето на овошни насади на ископачени шуми или грмушки или, пак, стари овошни насади, остатоците од дрвото и корените треба добро да се извадат, соберат и спалат. За дезинфекција на почвата може да се користат фумиганти, но тоа е скапо.



повеќе слики >>

Препарати