Име на болест: Бела имела - Viscum album
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Белата имела се развива кај голем број шумски и декоративни видови, како и кај одредени овошни видови, па дури и кај виновата лоза. Морфолошки имелата има хаустории, стебло, листови, цвет и плод. Стеблото е кратко, мазно и дихотомно разгрането. Листовите се задебелени, месести, тркалезни и со зелена боја. Цветовите се жолтеникавозелени и се појавуваат  во групи. Плодот е бобинка со бела боја. Белата имела е распространета само во реони со влажна клма. По овошните видови може да се сретне само кај напуштени стари овошни насади или кај поединечни овошки во спонтаната флора. За унишување се препорачува отстранување на заразените ветки со сечење на 20 - 30 цм по имелата, а направените рани да се премачкаат со паста за рани.



повеќе слики >>

Препарати