Опис: Познато е дека се јавува кај златен делишес во околината на Охрид (Пејчиновски et al. 1977). Симптомите се манифестираат само на плодовите. По младите плодови се јавуваат вдлабнатини во вид на кривулести линии и прстени со различна големина. При силни зарази може да се појави и пукање на епидермисот. Како резултат на изумирање на епидермалните клетки вдлабнувањата постануваат рѓести. Исто така има и заостанување на развојот и плодовите стануваат со грбав изглед. Овие симптоми можад да бидат помешани со тие од студено време и ниски температури, но нема пукање на епидермисот.
Основна мерка за спречување е употреба на здрав саден материјал и се препорачува унишутвање на болните овошки во младите насади. |