Опис: Симптомите од оваа болест се забележуваат по плодовите, обично по 6 недели од нивното заметнување. Првите симптоми се појавуваат околу дршката во вид на бели дамки, кои се шират зрачно или неправилно по плодот. На плодовите, околу чашката се појавува плутесто ткиво. Заразените плодови се поситни, рапави, невкусни и не созреваат.
Заштита. Производство на безвирусен саден материјал и одгледување на толерантни сорти како: гала, златен делишес, јонаголд, рајнска ренета, канадска ренета и грени смит.
|