Име на болест: Хлорозна дамкавост на лисјата кај јаболката - Apple chlorotic leaf spot trichovirus (ACLSV)
Култура: ЈАБОЛКА
Опис:Вирусот се наоѓа во латентно заразените сорти и подлоги. Кај осетливите сорти јаболка предизвикува појава на хлорозни дамки и прстени, како и деформирање на лисјата. По плодовите од јаболката и крушата се забележуваат рѓести линии и прстени . Еден сој од овој вирус кај сливата предизвикува пукање на кората. Кај одделни сорти слива и кајсија, вирусот предизвикува т. н. лажна шарка.
Вирусот се инактивира при температура од 52 до 55С; ја одржува инфектвноста in vitro еден ден (при 20С). Забележано е природно ширење на вирусот во насадите, но векторот не е познат. Не се пренесува со семе. Се мисли дека се пренесува од нематоди, но не е потврдено.
Основна мерка за заштита е производство на здрав саден материјал, што значи земање калемгранки од тестирани матични овошки и употреба на безвирусни вегетативни подлошки.



Препарати