Опис: Распространет по целиот свет, но уште нема докази дали е присутен во Македонија. Штетите се манифестираат со тоа пто има заостанување во растот и предизвикува инкопатибилност помеѓу питомката и подлогата. Спојното место на калемот не сраснува добро и тука овошките се кршат. Откако се одвои кората, по дрвото се гледаат вдлабнатини, нерамни површини и некроза на спроводните садови.
Освен користење на здрав посадочен материјал, може исто така вирусот да се инактивира со изложување на заразените садници и калемгранките на 37С за време од 3 до 4 недели. |