Име на болест: Мозаик на јаболката - Apple mosaic ilarvirus (AMV)
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Оваа болест најчесто се среќава кај сортата златен делишес. Го намалува развојот на овошките до 50%, а приносот кај олните овошки 30 - 50%. На младите листови од болните овошки се јавуваваат јасно ограничени површини, со светложолта боја до крем - боја. Промената на бојата може да биде во ситни дамки, неправилни зони, линии ии ленти долж главните нерви, потоа во вид на мрежавост. Кон крајот на летото листовите опаѓаат пред време. Овој патоген се одржува во заразени овошки и други природни домаќини. За заштита се препорачува отстранување на болните овошки од насадите и користење на здрав саден материјал.



повеќе слики >>

Препарати