Опис: Обично се јавува како сапрофит по изумрените ветки, но може да оствари инфекции преку пресеците од кроењето. Во тој случај со своите токсични материи ги убива клетките од кората и во нив понатаму се развива како сапрофит. Дрвото станува кафеаво или сивозелено. Во пролет при влажно време, на површината од умртвената кора се развиваат светложолти, портокалови до црвеникави перничиња. Болеста се јавува во неодгледуваните и незаштитените овошни насади. Спречувањето се изведува со орежување и спалување на ветките. Пресеците од калемењето да се премачкуваат со калемарски восок, Сантар паста, Миказол паста, Бајлетон паста и сл. Зимско третирање на овошните насади со 2 - 3% Бордовска чорба и редовна хемиска заштита против другите болести.
|