Опис: Овој вирус е штетен за краставицата во оранжериите и во пластениците, каде може да се намали приносот за 40 - 50%. Првите симптоми се јавуваат на најстарите долни листови, кои жолтеат почнувајќи од дршката. Постепено жолтеење ги зафаќа целите лиски, освен нерватурата. Кај некои листови жолтеењето може да настани само на едната половина од лиската. Во понапредна фаза, листовите се побелени, тие се задебелени а рабовите им се свиткани кон опачината. Симптомите се шират и на погорните делови, но не на врвниот дел и на филизите. Плодовите се бледожолти, ситни, искривени и со тенок врв. Развојот на растенијата е намален, намален број на цветови, помалку филизи, помалку плодови. Се пренесува од белокрилката Trialeurodes vaporariorum и од други белокрилки на полуперзистентен начин. Тој не се намножува во векторот, не се пренесува со допир помеѓу растенијата. Основна мерка е уништување на белокрилката со соодветни инсектициди. |