Име на болест: Вирус на прстенеста дамкавост на тутунот кај краставицата - Tobacco ringspot nepovirus
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Краставицата е доста осетлива кон овој вирус. По заразените листови се јавуваат крупни темножолти дамки, со светложолт ореол, а некаде дамките некрозираат, но некрозата не ги зафаќа целите лиски. Симптомите се јавуваат по три дена од инфекцијата, со растењето на растението овие симптоми честопати се губат, па растенијата изгледаат како да оздравеле. Вирусот се инактивира при температура од 55 до 650C. Се одржува во повеќегодишни домаќини, го пренесуваат нематоди и инсекти, се пренесува со полен, а на тој начин и со семето. Да се користи здраво семе, да се уништат векторите кои го пренесуваат и отстранување на повеќегодишните растенија домаќини.



повеќе слики >>

Препарати