Опис: Вирусот на жолтата спеченост на јачменот е најраспространетиот и економски најштетниот вирус кај растенијата од фамилијата Poaceae. Општите симптоми кај сите природни домаќини се жолтеење на лисјата и спеченост на растенијата. Слични симптоми можат да предизвикат и абиотските фактори како: прекумерната влага во почвата, суша преку зимата, недостаток на азот но и при ниски температури. Овој вирус кај оризот причинува жолти до портокалови листови. Најрационално решение за заштита е одгледување на отпорни и толерантни сорти. Се препорачува подоцна есенска и порана пролетна сеидба. Уништување на лисните вошки кај есенските посеви но и третирање на семето со соодветни инсектициди. |