Име на болест: Бактериска лисна пламеница кај оризот. - Xanthomonas campestris pv. Oryzae
Култура: ОРИЗ
Опис: Симптомите при оваа болест варираат во зависност од сортата. Болеста се јавува само по лисјата. Прво, се јавуваат ситни влажни дамки по рабовите , а подоцна симптомите се шират и кон средината на листот, зафаќајки ја  должината на главниот нерв. Заразата настанува преку повреди на листот, зафаќајки ги спроводние садови при што доаѓа до сушење на лисјата па и цели растенија. По заразените растенија се јавуваат жолтеникави капки исполнети со бактериски  ексудат. На заболените растенија се формираат слабо налиени зрна, со слаб квалитет и со значително помал принос по хектар.   Xanthomonas campestris pv. Oryzae може да презими на заразено и вскладишено семе од ориз и на тој начин во наредната сезона заразеното семе претставува основен извор на примарен инокулум.  Една од основните заштитни мерки е создавањето на отпорни сорти ориз и нивното ширење во пошироката производна пракса.



повеќе слики >>

Препарати