Име на болест: Бактериски гнилеж на лисните ракавци кај оризот - Pseudomonas syringae pv. Syringae
Култура: ОРИЗ
Опис: Бактериите ги напаѓаат лисните ракавци, стеблото, нодусите , метличките и семето. Почетните симптоми на болеста се јавуваат на долните лисни ракавци, во висина на водата, прво во вид на мали, влажни и зеленикави дамки, кои подоцна се спојуваат меѓу себе и стануваат кафеави без бактериски ексудат на заразената површина. Болеста најчесто се јавува пред класењето на оризот, додека метличките се сеуште завиени во лисните ракавци. Бактериите паразитираат и на зрната. Болеста се јавува во вид на влажни дамки кои подоцна ја зафаќаат целата површина од зрното на оризот, па така после лупењето наместо да се добие бел, се добива рѓаст ориз.  



повеќе слики >>

Препарати