Опис: Болеста е широко распространета секаде каде што се одгледува оризот. Највоолчлив симптом на оваа болест е ненормалното издолжување на стеблото на оризот. Заразените растенија се неколку см повисоки од здравите, истите се тенки и со жолто - зелена боја. Инфицираните растенија исто така имаат мал број на братимки а листовите се сушат еден по друг и изумираат за неколку недели. Кога семето интензивно ќе се инфицира, по него се развива црвеникаво обојување . Габата продуцира конидии на заболените делови од растенијата и истите лесно се расејуваат од ветерот и водата и предизвикуваат нови инфекции. Оптимална температура за развој на габата е 20 - 30 степени целзиусови. За контрола на оваа болест препорачано е третирање на семето со органски живини препарати во прашковиден или течен облик.
|