Име на болест: Пламеница кај оризот - Pyricularia oryzae Cavara
Култура: ОРИЗ
Опис: Пламеницата на оризот е распространета во сите земји каде што се одгледува ова растение. Причинителот на пламеницата P. оryzae ги напаѓа сите делови на оризот. Таа се јавува во четири облици како : пламеница на лисјата, пламеница на нодусите, пламеница на вратот и плевична пламеница. Пламеницата на листот се карактеризира со појава на елипсовидни дамки со заострани краеви. Заразените пак нодуси, постануваат темнокафеави и лесно се кршат. Пламеницата на плевите се карактеризира со тоа што се зафатени сите делови на метличката. Симптомите кај вратот се јавуваат од почетокот на класењето па се до жетвата на оризот. На почетокот, вратот е светлокафеав а потоа потемнува. Габата презимува на заразените оризови растенија а самата инфекција се состои од повеќе фази. Оптимална температура за инфекција е меѓу 26 - 28 C0.



повеќе слики >>

Препарати